__skinique
Jul 19
375
15%
SAND & SKY - Deep pore cleanser, Australian Pink Clay ( swipe right )
Во процесот на формулирање, тимот на имал мисија да направи секојдневен чистач. И тоа формулиран 4 во 1. Формула која ќе успее да ја отсрани дури и тешката шминка а притоа да се бори и против нечистотиите во порите на лицето. И успеале во тоа...
Во составот на овој чистач се наоѓа познатата Австралиска розева глина - состојка, симбол на овој бренд. Има за цел детоксикација како и длабоко чистење на порите, а со тоа и постигнување на визуелно намалување на порите.
Finger Lime & Luffa Plant - карактеристични растенија кои ја образуваат карактеристичната мешавина на хемиски и механички пилинг. Австралискиот Finger Lime - АНА ( измазнување, осветлување, осветлување ), Luffa Plant е дел од механичкиот ексфолијант кој има за цел измазнување на кожата.
Овде е и маслото од макадамија кое содржи есенцијални масни киселини...
Формулата е без:
🚫 сулфати
🚫 парабени
🚫 силикони
🚫 глутен
✅ дерматолошки тестиран производ
Мое лично искуство:
Иако практикувам двојно чистење навечер, чистачот го тестирав на два начина. Првиот начин како прв чекор во рутината, а вториот начин како 2 чекор, односно по маслениот чистач. Ако имате сензитивна кожа, вториот начин е одличен метод за употреба на овој чистач. Ми се допаѓа тоа што е комбо од механички и хемиски ексфолијант. Тоа што ветува, навистина исполнува. Длабинско чистење на кожата, без да ја затегне, иритира или пак дехидрира токму заради внимателно одбраните состојки. Одржување на чистотата на порите е на највисоко ниво. Ми се допаѓа ефектот кој го дава по употребата: мазно лице, чувство на свежина и чистота.
Како може да се користи:
Наведено е дека може да се користи и во дневната и во ноќната рутина. Потребна е мала количина...
За глинената маска имам рецензија на профилот😊
#sandandsky #sandandskyaus #pinkclay #australianpinkclay #deepporecleanser
__skinique
Jul 19
375
15%
Cost:
Manual Stats:
Include in groups:
Products:
